Останати спортови

Сериозни обвинувања за судиите на Австралија Опен

Сериозни обвинувања за судиите на Австралија Опен

Првиот грен слем турнир Австралија Опен го одбележаа неколку скандали, каде што главно во центарот на вниманието беа украинските тенисери, но и Французинот Корентин Муте.

Французинот упати сериозни обвинувања кон судиите во текот на вториот круг и сега ја дозна казната, ќе биде олеснет за 15.000 долари.

По една контроверзна ситуација, во која главниот судија му досуди двојно отскокнување на топчето, тој целосно ги загуби нервите и во монолог на стручниот штаб по ред ги навреди сите судии.

– Како можат да им дадат и едно евро на вакви судии? Зошто на ваков начин ги трошат парите?. Сериозно, секоја ноќ судиите се опиваат и следниот ден ги упропастуваат натпреварите. Како е можно? Јас се борам, работам секој ден, се борам да будам тука, а тие ја уништуваат играта. На сето ова и јас треба да останам мирен. Како е тоа можно? – грмеше Муте за време на натпреварот против Американецот Кригер.

Штом судијата му додели поен на противникот, Муте целосно ги загуби нервите:

– Покажи ми ја репризата. Како, по ѓаволите, можете да ја донесете оваа одлука? Престанете да кажувате: „Зошто си лут?“ Јас сум лут затоа што вашата одлука е лоша. Тоа е проблемот. Имате една работа да гледате. Не можете да бидете фокусирани на тоа и да направите грешка. Тоа е лудо!

To top