Српскиот теиисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија со безмилосната победа над 20. носител Адријан Манарино, при што изгуби само три гема. Ѓоковиќ, кој ја брка рекордната 25. гренд слем победа, славеше со 6:0, 6:0, 6:3 по само еден час и 44 минути игра.
„Првите два сета беа нешто најдобро што сум го одиграл во последно време“, кажа Ѓоковиќ, кој во следната рунда ќе се сретне со Американецот Тејлор Фриц.
До вториот гем од третиот сет, Ѓоковиќ беше на патот да стане првиот тенисер во последните 31 година кој добил гренд слем меч без загубен гем, што пак никогаш не се случило на Отвореното првенство на Австралија. Кога Манарино го освои својот прв гем, публиката во арената „Род Лејвер“ бурно го поздрави.
„Навистина сакав да го изгубам тој гем зашто на стадионот почна да се создава тензија. Навистина сакав да се случи тоа за да можам да се фокусирам на привршувањето на мечот“, кажа Ѓоковиќ.