Репрезентацијата на Сoединетите Американски Држаци во одбојка го освои бронзениот медал на Олимписките игри, откако го надигра актуелниот светски шампион, Италија, со максимални 3-0, по сетови 25-23, 30-28, 26-24.
Американскиот состав беше подобар и заслужено се радува на успехот, до кој дојдоа со одлична игра во клучните моменти.
Забележаа вкупно девет блокови (наспроти четирите на Италија), а најдобар поединец беше Арон Расел со 15 поени, додека Ти Џеј Дифалко додаде уште 12 поени.
На спротивната страна убедливо најрасположени играчи беа Алесандро Микелето и Јури Романо, двајцата со по 17 поени.