Останати спортови

Роналдо: Рафа, ти си пример за сите генерации

Роналдо: Рафа, ти си пример за сите генерации

Легендарниот португалски фудбалер и еден од најдобрите на сите времиња  Кристијано Роналдо, се огласи по повод објавата на Рафаел Надал за заминување во пензија и изрази длабока почит за неговите спортски успеси.

„Рафа, пријателе, ти имаше неверојатна кариера. Твојата посветеност инспирираше милиони луѓе ширум светот. Се надевам дека ќе бидеш пример за идните генерации кои и натаму ќе се восхитуваат на твоите успеси.

Чест ми е што присуствував на неколку важни мечеви од твојата кариера и уште поголема чест е што можам да те наречам мој пријател“, напиша Роналдо.

To top