Министерот за спорт, Борко Ристовски, во интервју соопшти дека исплатата на финансиските средства од државата кон спортските колективи ќе започне деновиве, затоа што завршени се сите процедури за такво нешто.
„Деновиве започнува исплатата на субвенциите, односно средствата коишто ги има одвоено државата преку Министерството за спорт за субвенционирање на националните спортски федерации, клубовите и на поединци. Завршени се сите процедури и обврските што беа преземени ќе бидат реализирани.“, изјави Ристовски.
Целосното интервју на Борко Ристовски можете да го прочитате на следниот линк.