Тенискиот сојуз на Австралија (Tennis Australia) дел од својот спектакуларен раст на приходите го насочи назад кон играчите, објавувајќи дека наградниот фонд за годинашниот Австралијан Опен ќе изнесува рекордни 64 милиони евра.
Тоа претставува зголемување од 16 % во однос на лани, со што „среќниот Грен слем“ го престигна Вимблдон по висина на наградите, но и понатаму е зад US Open, кој располага со фонд од 77 милиони евра, пишува „The Guardian“.