Останати спортови

Рафаел Надал откри за што најмногу жали откако ја заврши кариерата

Рафаел Надал откри за што најмногу жали откако ја заврши кариерата

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал неодамна ја заврши кариерата, а сега откри за што најмногу жали. Надал истакна дека единствено жали што никогаш не победил на Завршниот мастерс.

– Секако дека би сакал да победам на еден Завршен мастерс. Тоа е веројатно единствениот важен турнир што никогаш не сум го освоил. Такво е како што е – вели Надал.

Додаде и дека немал среќа на тие турнири.

– Понекогаш немав ни среќа, бидејќи на крајот од сезоната често не бев во најдобра физичка состојба, многу пати со повреди – рече Надал. На крајот истакна дека му сметало тоа што често се менуваше подлогата на тие натпревари.

To top