Репрезентацијата на Италија без поголеми проблеми стигна до златниот медал од Олимписките игри, откако во финалниот натпревар ја совлада селекцијата на САД со максимални 3-0, по сетови 25-18, 25-20, 25-17.
Паола Егону беше вистински лидер на својот тим со 22 поени, Мириам Сила додаде уште десет, а девет поени запиша Катерина Босети.
На спротивната страна, најдобра поединка кај Американките беше Џордан Томпсон со осум поени.
Италија се радува на првото злато во женската одбојка, и тоа во првото финале за својата земја на Олимписките игри.