Одбојкарската репрезентација на Полска се пласира во полуфиналето на Олимписките игри, откако со 3-1 ја совлада Словенија.
Противник на момците на Никола Грбиќ во полуфиналето ќе биде поуспешниот од дуелот Бразил – Соединетите Американски Држави.
Ако се сретнат со „кариоките“ тоа ќе биде нивни втор дуел во Париз, откако во групниот сегмент полските одбојкари славеа во пет сета.
Најдобар поединец на теренот беше Вилфредо Леон од Полска со 20 поени, а Курек собра 19, додека кај Словенците се истакна Чебуљ со 16 поени.