Останати спортови тажна вест

Почина пливачкиот судија Никола Стојановски

Почина пливачкиот судија Никола Стојановски

Национална пливачка федерација соопштува дека денес, по тешко боледување, почина големиот спортски работник и пливачки судија, Никола Стојановски – Коле.

-Коле беше човек кој не се штедеше во својата посветена и секогаш волонтерска работа во нашиот спорт. Активно беше вклучен во судискиот систем на натпревари и беше неуморен мотиватор и едукатор за сите нови генерации судии. Коле ги исцрта и првите пишани правци на судиската организација во нашиот систем на натпревари во координирана и истрајна соработка со колегите од соседна Србија, стои во објавата.

Стојановски е татко на еден од нашите најдобри пливачи, младиот Андреј Стојаноски.

To top