Останати спортови

Новак Ѓоковиќ тргна со победа на турнирот во Мајами (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ тргна со победа на турнирот во Мајами (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на турнирот во Мајами откако го победи Ринки Хуџикато во два сета, 6-0 и 7-6.

Ѓоковиќ стартуваше доминантно добивајќи го првиот сет со перфектни 6-0, но во вториот беше поинаку, неговиот противник пружи посилен отпор па сетот отиде во тајбрејк кој го доби Србинот со убедливи 7-1.

Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра против Аргентинецот, Уго Карабели.

To top