Останати спортови

Новак Ѓоковиќ со мали проблеми,но го помина Свајда

Новак Ѓоковиќ со мали проблеми,но го помина Свајда

Новак Ѓоковиќ го продолжува походот по нов трофеј на Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави, откако во рамки од второто коло го победи домашниот тенисер Захарие Свајда со 3-1 во сетови (6-7, 6-3, 6-3, 6-1).

Најтрофејниот тенисер на сите времиња се соочи со потешкотии на стартот против Американецот. Свајда тргна мотивирано и имаше решени за секој налет на големиот фаворит.

Тоа донесе крајно неизвесна борба, во која двајцата тенисери не ги даваа своите сервиси. Така, сетот влезе во тај-брејк, во кој домашниот тенисер со два мини-брејка стигна до 7-5 и водство во сетови.

Следен противник на Ѓоковиќ на УС Опен ќе биде подобриот од дуелот меѓу Камерон Нори од Велика Британија и Франциско Комесан од Аргентина.

To top