Новак Ѓоковиќ нема да настапи на турнирот во Аделаида кој е на програмата следната седмица.
Иако првично беше најавен како учесник на АТП турнирот, откако самиот соопшти дека не е физички подготвен за настап.
Ѓоковиќ преку социјалните мрежи ја образложи одлуката.
„Лично сум многу разочаран бидејќи имам прекрасни спомени од освојувањето на титулата пред 2 години. Навистина бев возбуден што ќе се вратам затоа што тука се чувствувам како да играм дома. Фокусот сега е на подготовките за Австралија опен и насочен сум кон доаѓањето во Мелбурн наскоро, каде што ќе ги видам сите тениски навивачи во Австралија“.
Ден претходно, српскиот тенисер објави и дека ја напушта Професионалната асоцијација на тенисери ПТПА, организација во која беше еден еден од основачите.