Останати спортови по 30 години

Меѓународниот одбојкарски судија Никола Мицевски ја заврши судиската кариера

Од Одбојкарската федерација на Македонија му се заблагодарија на Мицевски за се’ што направил за македонската одбојка, истакнувајќи дека со над 150 меѓународни натпревари ќе остане запаметен како еден од најдобрите претставници на македонската одбојка на светско ниво.

Меѓународниот одбојкарски судија Никола Мицевски ја заврши судиската кариера

Со свирежот на свирчето на меѓународниот судија во одбојка, Никола Мицевски вчера започна финалето во Купот на Македонија меѓу Штип УГД и Струмица.

На овој симболичен начин, Мицевски ја заврши и својата богата 30 годишна судиска кариера. Правдата ја делеше на три финалиња во европските купови, две европски и едно светско првенство.

Од Одбојкарската федерација на Македонија му се заблагодарија на Мицевски за се’ што направил за македонската одбојка, истакнувајќи дека со над 150 меѓународни натпревари ќе остане запаметен како еден од најдобрите претставници на македонската одбојка на светско ниво.

-Величествено завршување на дел од моето хоби, кое што непланирано стана составен дел од мојот живот. Голема благодарност за вчерашниот ден и огромната почит и внимание од Одбојкарска Федерација на Македонија, Судиска организација на ОФМ , моите колеги од МО Штип, Општина Штип и сите присутни во салата на вчерашниот финален натпревар од “Купот на ОФМ за 2024” за сета чест која ми ја направија. ️Благодарам и до следно видување на спортските терени во некоја друга улога, напиша Мицевски на Фејсбук.

Facebook / Одбојкарска федерација на Македонија

 

To top