Останати спортови

Медеведев и Синер се пласираа во осминафиналето на УС ОПЕН

Медеведев и Синер се пласираа во осминафиналето на УС ОПЕН

Рускиот тенисер Данил Медведев го победи Италијанецот Флавио Коболи во три сета 6:3, 6:4, 6:3 и се пласираше во осминафиналето на Отвореното првенство на САД во Њујорк.

По елиминациите на Карлос Алкараз во второто и Новак Ѓоковиќ во третото коло на УС Опен, Медведев сега е еден од фаворитите за освојување на турнирот заедно со Јаник Синер, првиот тенисер според АТП листата.

Медведев е петто рангиран тенисер во светот и победник на УС Опен во 2021 година. Првиот светски рекет Јаник Синер рутински и без потешкотии се пласира во осминафиналето на УС Опен, откако во третата рунда беше подобар од Кристофер Оконел со 3-0 по сетови 6-1, 6-4, 6-2.

Неполни два часа (час и 56 минути) му беа потребни на италијанскиот тенисер да ја прескокне третата пречка во Њујорк.

To top