Останати спортови

Македонските шахисти се подготвуваат за Европското екипно првенство

Македонските шахисти се подготвуваат за Европското екипно првенство

Македонските репрезентации во машка и женска конкуренција во одлична атмосфера и според планираното се подготвуваат за претстојното Европско првенство во шах (ЕП) кое од 11. до 20. овој месец ќе се одржи во црногорскиот град Будва. На ЕП ќе настапат 38 репрезентации во опен и 32 во женска конкуренција.

Боите на македонската репрезентација во машка конкуренција ќе ги бранат Филип Панчевски, Никола Николовски, Емил Ристески, Тони Лазов и Андреј Велјаноски, предводени од селекторот Атанас Кизов.

Селекторот на женската репрезентација Љубиша Андоновски во својот состав ќе ги има Моника Стојковска, Ивана Манова, Катерина Петровска, Сања Трајковска и Моника Жежовска.

-Сите членови на репрезентациите веќе неколку години настапуваат на голем број домашни и меѓународни турнири и атмосферата во обете репрезентации е одлична, соопшти Шаховската федерација на Македонија – ШФМ.

To top