Членот на Арка Борец од Велес, Љубомир Спасиќ информира за редоследот на натпреварите на Македонците на овој Мундијал.
– За нас како најзначајна ќе биде дисциплината К1 мажи каде што прв ќе настапи Кристијан Лазаров во 11:12 часо. Веднаш по него втор натпреварувач кој ќе земе учество е Благој Гугинов во 11:14 часот, како трет наш претставник е Александар Златаров кој стартува во 11:15 часот и како последен сум јас со стартно време 11:21 часот, информира Спасиќ.
Вчера беше свечено отворање на Светското првенство.