Останати спортови репрезентацијата подготвена во целост

Македонската кикбокс сениорска репрезентација на ВАКО Европското кикбокс првенство 2024 во Атина

Репрезентацијата ја предводи претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија Дејан Митровски -Урко.

Македонската кикбокс сениорска репрезентација на ВАКО Европското кикбокс првенство 2024 во Атина

Македонската кикбокс сениорска репрезентација замина на ВАКО Европското кикбокс првенство 2024 во Атина, Грција.

Репрезентацијата ја предводи претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија Дејан Митровски -Урко.

Во составит на сениорската репрезентација се Бобан Илиоски, Стефан Михајловски, Митко Ашкилов, Леа Бошевска и Андреа Костовска и тренерот на репрезентација Драган Атанасовски.

На ова сениорско првенство кое трае од 01-10.11.2024 година во Атина ќе учествиваат 982 натпреварувачи во 1133 натпреварувачки влезови од 41 држава од Европа.

Постер

Во склоп на првенството ќе се одржи и Генералното собрание 2024 на Европската кикбокс федерација на кое ќе присуствува и претседателот Митровски.

Во склоп на првенството од страна на ВАКО Европа ќе има организирано и “Атлетски корнер” на кој ќе има секојдневна едукација за спортистите, физиотерапевтски дел со врвни терапевти за релаксација и помош на спортистите и презентација на “ВАКО женскиот комитет” чија членка од нашата држава е Ирена Митровска, која заедно со уште 6 жени членки од цела Европа пред спортистите ќе ја претстават својата работа.

Претседателот изјави дека репрезентацијата е подготвена во целост, очекувам успешни и добри мечеви од сите наши натпреварувачи и секако се надевам дека ќе се вратиме со медали.

-Ќе го чекаме официјалниот ждреб за да ги дознаеме противниците. Како и секогаш, конкуренцијата е голема, но нашата репрезентација иако е мала, составена е од врвни, искусни и докажани борци. Посакувам успех за сите и очекувам трофејни борби без повреди, изјави претседателот Митровски.

To top