Останати спортови пливач

Мајкл Фелпс стана татко по четврти пат

Легендарниот американски пливач Мајкл Фелпс (38) и неговата сопруга Никол Фелпс (38) го добија четвртото дете.

Мајкл Фелпс стана татко по четврти пат

Легендарниот американски пливач Мајкл Фелпс (38) и неговата сопруга Никол Фелпс (38) го добија четвртото дете.

„Г-ѓа Фелпс и јас би сакале да му упатиме најтопло добредојде на нашето машко бебе, Ница Мајкл Фелпс. Тој е роден на 16-ти јануари. Многу сме среќни што имаме четврто дете. Сега сме шестчлено семејство!“ Парот напиша на Инстаграм во заедничка објава.

Двојката ги има синовите Бумер (7), Бекет (5) и Маверик (4). Во октомври 2023 година, Фелпс беше гостин во емисијата „Today“ и се пошегува дека наскоро ќе има доволно деца за штафетна трка.

Во последните осум години двапати ги обновија заветите
Фелпс и Џонсон се запознале во 2007 година. Се вериле во 2015 година. Во јуни 2016 година, тие тајно се венчаа на приватна церемонија во дворот. Еден месец пред да кажат „Да“, тие го добија синот Бумер.

Од нивната венчавка, Фелпс и Џонсон двапати ги обновија заветите. Говорејќи за „Us Weekly“ во септември 2019 година, 23-кратниот освојувач на златни олимписки медали ги откри своите омилени придобивки од татковството.

„Да ги гледаш и да слушаш што излегува од нивните усти е најдобро. Но понекогаш родителството може да биде фрустрирачко“, вели пливачот.

To top