Останати спортови

Конор Мекгрегор по тригодишна пауза се враќа во рингот

Конор Мекгрегор по тригодишна пауза се враќа во рингот

Конор Мекгрегор се враќа во рингот по три години. Информацијата ја потврди неговиот противник Мајкл Чендлер.

Во интервју за „TMZ Sports“, Чендлер зборуваше за плановите за следниот период и потенцираше дека борбата против Ирецот сигурно ќе се одржи. Официјалниот датум се уште не е објавен, но оваа вест ќе ги израдува сите фанови.

„Добив официјална потврда, борбата ќе се одржи ова лето. Не можам да ви го кажам точниот датум, но ќе се случи летово. Очигледно, ова било планирано една година. Го снимивме„Ultimate Fighter“, тој беше отсутен, се разбира, го снимаше „Road House“ и следеше некои негови други амбиции и признанија надвор од кафезот, но сега сме спремни двајцата. Официјалниот статус е дека имаме договор“, изјави Чендлер.

Претседателот на УФЦ неодамна истакна и дека конечно може да седне со Конор и да разговара за нова борба, па се чини дека сите коцки полека си доаѓаат на своето место.

To top