Останати спортови париз 2024

КОНЕЧНО ОТКРИЕНО: Медалистите на ЛОИ добиваат мистериозна кутија, еве што има во неа

КОНЕЧНО ОТКРИЕНО: Медалистите на ЛОИ добиваат мистериозна кутија, еве што има во неа

Добитниците на медали на Олимписките игри беа фотографирани како ги покажуваат своите одличја, но и кафените кутии што, потврдија организаторите, содржи уште еден „мистериозен“ подарок.

Во кутиите долги 40 сантиметри е всушност завиткана копија од официјалниот постер за Олимпијадата во Париз 2024 година.

Уметничкиот цртеж прикажува цртана верзија на Париз, во која доминираат црвената Ајфелова кула и Сена, со зборовите „XXXIII олимпијада“ за 33-тото издание на Игрите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris2024 (@paris2024)

Дизајниран и нацртан од парискиот илустратор Уго Гатони, плакатот покажува и нуркач во долниот десен агол кој го гледа спортскиот спектакл пред познатите споменици во градот.

Во уште еден уникатен допир за Париз 2024 година, медалите содржат парче од Ајфеловата кула од 18 грама во форма на шестоаголник.

Железните фрагменти кои се дел од медалите беа отстранети од Ајфеловата кула и зачувани за време на реновирањето кон крајот на 20 век.

To top