Останати спортови На програма во четврток

Комплетирани полуфиналните парови на СП во ватерполо

Противник на Франција во полуфиналето ќе биде Хрватска, која претходно вечерва ја совлада во четвртфиналето Србија со 15-13.

Комплетирани полуфиналните парови на СП во ватерполо

Репрезентацијата на Франција е последниот полуфиналист на Светското првенство во ватерполо, откако вечерва извојува сензационална победа над Унгарија од 11-10.

До најголемата победа во својата ватерполо историја Франција ја предводеше Томас Верно, кој при резултат 10-10 беше прецизен на три секунди пред крајот на четвртфиналниот дуел во Доха.

Противник на Франција во полуфиналето ќе биде Хрватска, која претходно вечерва ја совлада во четвртфиналето Србија со 15-13.

Вториот полуфинален пар го сочинуваат Шпанија и Италија.

Шпанците во четвртфиналето беа поуспешни од Црна Гора (15-12), а Италија во драматичен натпревар ја совлада Грција (11-10).

Полуфиналните натпревари на Светското ватерполо првенство се на програмата в четврток.  (МИА)

To top