Израелската олимписка делегација во вторник наутро со високи безбедносни мерки отпатува за Париз, каде во петок ќе бидат отворени 33. Олимписки игри.
Обезбедена е 24-часовна заштита за израелскиот олимписки тим, поради загриженоста и зголемените геополитички тензии поради војните во Украина и Газа.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин рече дека израелските спортисти ќе бидат заштитени деноноќно за време на Игрите.
Во понеделникот, францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурн на состанокот со колегите од Европската унија во Брисел и рече дека ја поздравил израелската делегација во име на цела Франција.