Останати спортови

Италија по 47 години повторно го освои Дејвис Купот

Италија по 47 години повторно го освои Дејвис Купот

Тениската репрезентација на Италија го освои Дејвис Купот откако вечерва во Малага, Шпанија, во големото финале ја победи Австралија по двата меча во сингл-конкуренција.

Првиот бод на „аѕурите“ им го донесе Матео Арналди, кој во меч што траеше три сета и 2 часа и 27 минути го победи Алексеи Попирин со 7-5, 2-6 и 6-4.

Работата ја заврши херојот на својата земја Јаник Синер, кој се чини вчера го одигра своето финале, кога го победи Новак Ѓоковиќ во полуфиналето. Тој вечерва го прегази Алекс де Минор со 6-3 и 6-0 за големо славје на Италија, прво во ова натпреварување уште од 1976 година.

To top