Ватерполо репрезентациите на Хрватска и Шпанија ќе се борат за трофејот на Европското првенство.
Шпанија во првото полуфинале ја победи Италија со 7:4. Овој меч беше реприза на дуелот за бронзениот медал од минатото првенство.
Алваро Гранадос и Фелипе Пероне беа најзаслужни за триумфот во една ваква тешка партија со по два гола.
Хрватите пред домашната публика ја победија Унгарија со 11:8.Најефикасен кај Хрватска беше Јерко Мариниќ Крагиќ со три гола, а Лорен Фатовиќ додаде два.
Кај Унгарците со по три гола најдобри беа Винс Вигвари и Адам Наѓ.