Седумкратниот шампион се сели во Скудерија и покрај договорот што го потпиша минатото лето со Мерцедес.
Британецот во договорот имал клаузула која му дозволува да си замине на крајот на оваа година.
– Мерцедес-АМГ ПЕТРОНАС Ф1 Тимот и Луис Хамилтон ќе се разделат на крајот од сезоната 2024 година. Луис ја активираше опцијата за ослободување во договорот објавен минатата година, споделија на Твитер од тимот од Штутгарт.