Останати спортови преговори

Хамилтон: И моите најблиски не знаеја дека преговарам со Ферари

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон откри дека до последен момент и од најблиските го криел својот спектакуларен трансфер во тимот на Ферари.

Хамилтон: И моите најблиски не знаеја дека преговарам со Ферари

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон откри дека до последен момент и од најблиските го криел својот спектакуларен трансфер во тимот на Ферари.

Во 2025 година Британецот официјално ќе се пресели од Мерцедес во редовите на големиот ривал Ферари. Луис зборуваше за сето тоа во подкастот Ф1 на Би-би-си.

„Никому не кажав за Ферари. Не им кажав на моите родители до денот кога беше објавено. Така, никој не знаеше“, вели Хамилтон. „Навистина сакав да го направам тоа за себе. Чувствував дека морам да сфатам што ќе биде најдобро за мене“.

Поранешниот шампион во Формула 1 објасни како течеле преговорите со директорот на Ферари, Фредерик Васер.

„Сè се случи многу брзо, го познавам Фред Васер веќе некое време. Што се однесува до мене, бев возбуден за новата сезона, но не знаев што ми носи иднината или колку долго ќе продолжам да возам. Се чувствував многу мотивирано и возбудено да продолжам да возам. Се појави можност и си реков дека треба добро да размислам. Немав многу време за размислување и морав само да го следам мојот инстинкт. Решив да ја искористам шансата“, изјави Хамилтон.

Шампионатот во Формула 1 започнува во сабота со Големата награда на Бахреин.

To top