По два брејка и речиси три часа борба, Новак Ѓоковиќ го освои олимпиското злато, откако во финалето на натпреварувањето во Париз го совлада Карлос Алкараз.
Српскиот тенисер на тој начин го освои единствениот трофеј што му недостигаше во кариерата, потврдувајќи го епитетот најголем во историјата на овој спорт и дека повредата на коленото која му направи големи проблеми на Вимблдон сега е зад него.
Победничкиот поен дојде во тај-брејк. Алкараз ги однесе двата сета во 13. гем, но Ѓоковиќ беше поприсебен во двата наврати. Така, по две децении и дури пет учества на Олимписки игри, Ѓоковиќ го освои долгоочекуваното злато.
-Не знам што да кажам, во целосен шок сум од емоции, се… Целта ми беше полуфинале и медал за Србија, а кога се пласирав играв поопуштено. Сите го сакаа златото, тоа го посакував и јас. Убедливо загубив од него на Вимблдон и тој пораз многу ми помогна во подготовката на овој меч. Таму не можев да играм полошо. Овој пат беше можно подобро. Одев на се или ништо во решавачките моменти, палев форхендови како тој. Не знам… Милијарда емоции будат во мене. Пресреќен сум и премногу горд. Златото за Србија е можеби мојот најголем успех во кариерата“, изјави емотивниот Новак Ѓоковиќ по натпреварот.