Останати спортови Го победи Италијанецот Франческо Маестрели

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен

Ѓоковиќ сервираше пет аса, направи четири двојни грешки и реализираше шест од 16 брејк топки. Неговиот противник сервираше десет аса, направи четири двојни грешки и реализираше една од петте брејк топки.

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ рано утрово го победи Италијанецот Франческо Маестрели во второто коло на Австралија опен.

Мечот траеше 2 часа и 16 минути и заврши во три сета – 6:3, 6:2 и 6:2.

Ѓоковиќ сервираше пет аса, направи четири двојни грешки и реализираше шест од 16 брејк топки. Неговиот противник сервираше десет аса, направи четири двојни грешки и реализираше една од петте брејк топки.

Во третото коло, 38-годишниот Србин ќе се соочи со Ботик ван де Зандшулп од Холандија.

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Мелбурн изнесува 74,9 милиони долари. (МИА)

To top