Останати спортови Лионел Меси на Мастерсот во Мајами

Ѓоковиќ: Првпат во живо ме гледаше човекот на кого се восхитувам (ВИДЕО)

Ѓоковиќ на Аргентинецот му подари потпишана маичка, а за возврат доби дрес од Меси од Интер Мајами.

Ѓоковиќ: Првпат во живо ме гледаше човекот на кого се восхитувам (ВИДЕО)

Лионел Меси и Новак Ѓоковиќ имаа меѓусебна средба синоќа на Мастерсот во Мајами каде српскиот тенисер играше во полуфиналето против Григор Димитров и се пласираше во финалето на турнирот.

Меси беше специјален гостин на Ѓоковиќ а по крајот на мечот се сретнаа, двете суперѕвезди разменувајќи си и подароци.

Ѓоковиќ на Аргентинецот му подари потпишана маичка, а за возврат доби дрес од Меси од Интер Мајами.

„Сигурно дека ми е мило што беше тука и што играв пред него, му се восхитувам како и голем дел од светот. Ние сме исто годиште, неверојатно е што уште игра. Убаво е што е овде. Среќен сум затоа што првпат ме гледаше во живо човекот на кого се восхитувам“ – рече Ноле за својот миленик Лео Меси со кого само еднаш претходно лично се запознаа во САД.

To top