Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи да оди на операција на коленото, која ќе биде извршена денеска во Париз, пренесува Л Екип. Ѓоковиќ се надева дека неговото опоравување ќе оди според планот, и дека ќе може да се натпреварува на Олимписките игри во Париз.
Тенисерот се повреди на мечот со Франциско Серундола кога му беше оштетен менискусот.
Споменатиот извор наведува дека ќе има пауза од најмалку три недели, а сигурно ќе го пропушти Вимблдон кој е закажан од 1 до 14 јули.
Исто така, доколку опоравувањето оди според планот, Ѓоковиќ ќе учествува на Олимписките игри во Париз.