Останати спортови на Мастерсот во Рим

Ѓоковиќ нема сериозна повреда по бизарниот инцидент

Ѓоковиќ нема сериозна повреда по бизарниот инцидент

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ќе продолжи со настапите на турнирот во Рим по случајната повреда на главата по вчерашниот меч со Французинот Корант Муте.

На одење кон соблекувалната, Ѓоковиќ застана да подели автограми, а на едно момче кое се наведна кон српскиот тенисер, од ранецот му испадна шише кое заврши во главата на тенисерот.

По инцидентот се огласи Ѓоковиќ:

– Ова беше една случајност. Се одморам во хотелот со мраз на главата. Се гледаме в недела – напиша српскиот тенисер на Икс.

Во следното коло Ѓоковиќ утре ќе игра со Алехандро Табило од Чиле.

To top