Останати спортови

Ѓоковиќ: Нема пензија, тука сум и се натпреварувам

Ѓоковиќ: Нема пензија, тука сум и се натпреварувам

Новак Ѓоковиќ, во интервју првпат се обрати во 2026 година и зборуваше за сè што му се случувало и како се чувствува.

Најпрво се осврна на фактот дека по 21. пат ќе настапи на Австралија опен.

дека моето име се користи премногу и дека луѓето мислат дека PTPA е ‘моја организација’, што никогаш не беше идејата. Не ми се допадна правецот во кој се движеше раководството и затоа се повлеков.

Тоа не значи дека не ја поддржувам PTPA. Им посакувам сè најдобро. Но визијата повеќе не ми е толку јасна како што беше во 2020 година. Ќе видиме што ќе се случи“, истакна освојувачот на 24 Грен слем титули.

Во првото коло на Австралија опен, Србинот ќе игра против Педро Мартинез, моментално 71. играч на светот.

На крај, објасни што му недостасувало против водечката двојка во модерниот тенис.

„Мене лично ми недостасува малку сила во нозете во завршниците на Грен слемите. Сепак, давам сè од себе. Изгубив три од четири полуфиналиња од Синер и Алкараз. Сите знаеме колку се доминантни. Јас сум број четири во светот и не сум опседнат со тоа, што е одлично и важно за ждрепката. Приоритет ми е грижата за телото. Секој меч се обидувам да го третирам како финале, но и да градaм моментум без непотребно трошење енергија. Се надевам дека ќе добијам шанса повторно да играм против нив“, заклучи Новак.

To top