Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека лично ќе присуствува на последниот турнир во кариерата на неговиот голем ривал Рафаел Надал.
-Ти посакувам најдобро збогум во Малага со Дејвис куп тимот. Ќе бидам таму лично да оддадам почит на твојата блескава кариера, напиша Ѓоковиќ на својот профил на социјалните мрежи.
Во четврток, 10 октомври, 38-годишниот Шпанец објави дека ќе се повлече од професионалниот тенис по финалето на Дејвис купот во 2024 година, кое ќе се одржи од 19 до 24 ноември во Малага.
Репрезентацијата на Шпанија во четвртфиналето на екипниот турнир ќе игра со Холандија.
Ѓоковиќ нема да игра во Малага бидејќи српската екипа испадна во групната фаза на натпреварувањето.