Останати спортови тенис

Ѓоковиќ ќе постави рекорд играјќи го 18. Мастерс во Монте Карло

Многу фанови доаѓаат тука, особено од Франција и Италија, кои навистина го сакаат тенисот. Затоа е голема радост за мене што сум повторно тука, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ ќе постави рекорд играјќи го 18. Мастерс во Монте Карло

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ги сподели своите впечатоци пред неговиот рекорден 18-ти настап на Мастерс турнирот во Монте Карло.

– Убаво е да се знае дека играм овде толку многу години. Монте Карло отсекогаш бил посебно место за мене – живеев тука многу години, моите деца се родени тука. Добро ги познавам овие терени и луѓето што работат овде. Атмосферата е неверојатна. Многу фанови доаѓаат тука, особено од Франција и Италија, кои навистина го сакаат тенисот. Затоа е голема радост за мене што сум повторно тука, изјави Ѓоковиќ на прес-конференција.

Ѓоковиќ ќе ја започне својата кампања на Мастерсот во Монте Карло во второто коло, каде ќе игра против Алехандро Табило од Чиле. Натпреварот ќе се одигра на 9 април.

Србинот е 24-кратен Грен слем шампион, поранешен светски рекет број 1 и олимписки шампион од 2024 година.

To top