Околу 15.000 војници ќе бидат мобилизирани за Олимписките игри идното лето во Париз, вклучувајќи 10.000 на поширокото подрачје на метрополата, соопшти француската воена команда.
„Војската во оваа фаза, 250 денови пред рокот, се подготвува да ангажира околу 15.000 војници на национално ниво, од кои околу 10.000 ќе бидат распоредени во Париз и околината“, рече францускиот генерал Кристоф Абед на средба со новинарите во Министерството за одбрана.
Во оваа бројка не се вклучени луѓето кои ќе бидат ангажирани за време на Игрите од приватните агенции за обезбедување.
Олимписките игри 2024 во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.