Одбојкарската селекција на Франција доминантно го одбрани олимпиското злато. Пред својата публика во Париз „триколорите“ ја „здробија“ Полска извојуваа убедлива победа од 3-0 (25-19, 25-20, 25-23).
Првиот сет мина во знакот на француските ѕвезди. Полска уште од почетокот беше неколку чекори назад, а откако Франција се одлепи на шест поени предност, веќе беше познато кој ќе го освои првиот сет.
На „триколорите“ тоа им успеа со 25-19, а речиси идентична беше ситуацијата и во вториот сет. Бранителот на олимпиското злато од Токио продолжија во ист стил и ѝзададе нов удар на Полјаците, со што европскиот владетел освои еден поен повеќе (25-20).