Допинг аферата во која се најде првиот рекет во светот, Јаник Синер, е главна тема во светот на спортот.
Во вторникот како гром од ведро небо одекна веста дека младиот италијански тенисер двапати падналл на допинг тест во март. Скандалозната вест со месеци се чувала во строга тајност, а потоа само се појави соопштение дека на турнирот во Индијан Велс двапати бил позитивен на недозволената супстанца клостебол и дека не е виновен.
Тренерот на Синер дал објаснување во кое малкумина поверуваа. За пропустот тие ги обвинија физиотерапевтот Џакомо Налди и членот на тимот Умберто Ферара.
Тие тврдат дека Налди си го пресекол прстот со скалпел и дека Ферер му дал спреј кој содржел клостебол. Нивното објаснување е дека стероидот навлегол во телото на Синер преку кожата – го пренел физиотерапевтот додека го масирал.
Бидејќи многумина не поверуваа во ова, на социјалните режи започна да се шири фотографијата од физиотерапевтот на Синер со преврзан прст, за да се покрие приказната која ја пласираа во јавност.
Good investigative work, r/tennis. pic.twitter.com/n9K79c6ja1
— Ben Rothenberg (@BenRothenberg) August 20, 2024
Контроверзниот американски новинар Бен Ротенберг прво ја пофали оваа објава, а потоа решил малку повеќе да ја истражи целата ситуација.
Тој утврдил дека фотографијата од преврзаниот прст е направена на 10-ти март, кога за првпат било откриено дека Синер бил позитивен на тестот.
Ротенберг пронашол неколку фотографии од Налди од другите натпревари на Индијан Велс и сфатил дека физиотерапевтот нема завој на прстот, што буди сомнеж за вистинитоста на нивната приказна.
I got into the investigative spirit here, and tracked this man’s left pinky finger throughout Indian Wells 2024.
This bandage during the third round match on March 10, the day of Sinner’s first positive test, is an outlier; every other match, Naldi’s finger was bare, as stated. https://t.co/scdqGOvPpu pic.twitter.com/FSkqE4LD7X
— Ben Rothenberg (@BenRothenberg) August 21, 2024
Good investigative work, r/tennis. pic.twitter.com/n9K79c6ja1
— Ben Rothenberg (@BenRothenberg) August 20, 2024
„Овие фотографии се поклопуваат и ја потврдуваат временската линија во одбраната на Синер, да биде јасно, бидејќи беше наведено дека тој го извадил завојот на 5-ти март. Повторното преврзување прикажано за време на натпреварот од третото коло на 10-ти март е вонредно“, констатирал Ротенберг.