Меѓунардодната организација Куќа на славните на маратонското пливање објави дека Евгениј Поп Ацев ќе стане нејзин член на следниот собир, во мај 2024.
Во 2015 и во 2017 година Поп Ацев беше победник во светскиот гран-при за маратонско пливање, а во 2019 година триумфира на ултра маратонската серија на ФИНА.
„Најголема чест и привилегија е да се биде во ‘Куќата на славните за маратонското пливање’ (IMSHOF) во друштво на најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го тоа што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија имам придонесено и оставено белег во светот на маратонско пливање. Многу сум благодарен на IMSHOF за номинацијата, изборот и за ова големо признание од ваква голема светска организација. Исто така и на сите што беа дел од мојата пливачка кариера и подржуваа во изминативе 20 години“, се заблагодари Поп Ацев со објава преку социјалните мрежи.