Познатиот британски тенисер Енди Мареј влезе во тениската историја и се пензионираше и стави точка на својата кариера.
Во последниот меч во кариерата тој беше поразен во игра на двојки заедно со Даниел Еванс од Американците Тејлор Фриц и Томи Пол во два сета – 6:2, 6:4.
По завршувањето на мечот, Енди Мареј целосно емоционално скрши и падна на теренот и почна да плаче, знаејќи дека ова е последниот негов меч во кариерата.
Тој претходно најави дека турнирот во Париз ќе му биде последен, па се повлече од сингл конкуренцијата и целиот фокус го префрли на двојки. Мареј сакаше да се збогува со медал во последното натпреварување во кариерата, но не му успеа.