Рускиот тенисер Данил Медведев одигра доминантна партија против Нуно Боргеш, совладувајќи го со убедливи 3-0 во сетови. и се пласира понатаму на УС Опен.
Русинот на португалскиот тенисер му препушти само четири гема. Првиот го освои без ниту еден загубен гем, во вториот Боргеш освои само еден, додека најизрамнето беше во третиот сет, кој заврши со 6-3 за Медведев.
Во четвртфиналето се пласираше и британскиот тенисер Џек Дрејпер, откако по три сета го совлада Чехот Томаш Махач со 6-3, 6-1, 6-2.
25-от тенисер во светот до големата победа стигна по 104 минути. Во текот на мечот Дрејпер шест пати одзеде гем на сервис на противникот, и ниту еднаш не дозволи брејк на Махач. Во четвртфиналето Дрејпер ќе игра против подобриот од дуелот Де Минор-Томпсон.