Останати спортови

Бугарија со голем пресврт ги совлада САД и обезбеди мундијалско полуфинале!

Бугарија со голем пресврт ги совлада САД и обезбеди мундијалско полуфинале!

Машката одбојкарска репрезентација на Бугарија се пласираше во полуфиналето на Светското првенство кое се одржува на Филипините.

Бугарите ги победија Соединетите Американски Држави во четвртфиналниот натпревар со резултат 3-2 (21-25, 19-25, 25-17, 25-22, 15-13).

За Соединетите Американски Држави, Итан Чамплин беше најефикасен со 17 поени. Џордан Еверт додаде 15 поени, додека Мерик Мекхенри имаше 12 поени.

Ова е прв пласман за бугарската репрезентација во полуфиналето на Светското првенство од 2006 година, а оваа година ќе играат против Чешка. Во вториот полуфинален натпревар ќе се сретнат екипите на Полска и Италија.

To top