Останати спортови

Белград домаќин на ЕП во пливање следната година

Белград домаќин на ЕП во пливање следната година

Челниците на Европската пливачка организација (ЛЕН) одлучи Европското првенство во пливање следната година да се одржи во Белград, од 10 до 23 јуни.

Првично, ова првенство требаше да се одржи во Казан, Русија, но откако започна војната во Украина и сите меѓународни натпревари на кои требаше да биде домаќин Русија автоматски беа одложени, челниците на ЛЕН доделија нов домаќин.

Освен во пливање, Белград ќе биде домаќин и на натпревари во синхронизирано пливање и скокови во вода, како и во далечинско пливање.

Првенството во Белград ќе биде и последна можност за натпреварувачите во овие спортови да го исполнат олимпискиот стандард, пред Игрите што ќе се одржат во Париз.

To top