Останати спортови

Астон Мартин го „продаде“ името за најдоброто гориво во светот

Астон Мартин го „продаде“ името за најдоброто гориво во светот

Фернандо Алонсо и Ленс Строл следната сезона ќе го возат автомобилот „АМР24“, кој уште две години ќе го придвижува моторот на Мерцедес, како и најмодерното гориво, масла и лубриканти од лабораториите на моќната саудиска компанија „Арамко“, водечки светски „играч“ во нафтената индустрија.

Заминувањето на компанијата „Когнизант“ од тимот во сопственост на канадскиот милијардер Лоренс Строл, таткото на Ленс, значеше и подем на судската компанија која минатата година оствари приход од 585 милијарди долари.

„Арамко“ потпиша договор со тимот чија база е во Силверстон до 2028 година, а во тој период Астон Мартин ќе го носи саудискиот бренд во официјалното име на тимот, но ќе инкасира сериозни пари за него и ќе остане ексклузивен партнер кога за горивата.

To top