Женската кошаркарска репрезентација на САД ја продолжи доминацијата на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри, попладнево ја совладаа Франција со 67-66 за осмо злато во низа.
Почетокот на натпреварот донесе тврда игра со малку поени, на пауза се замина со резултат 25-25.
Во продолжението од мечот, двете репрезентации го подигна нивото на игра, Франција прва зададе удар и поведе со +9, но САД возврати на соодветен начин и се врати во предност во пресрет на последната четвртина.
Последните десет минути донесоа неколку промени на водството, за Американките да ја преземат предноста (60-57) на две минути до крајот. Женскиот „дрим-тим“ потоа умешно ја сочува позитивата и се радуваше на победа од 67-66.
Најефикасна во редовите на победничкиот табор беше Аџаја Вилсон со 21 поен, додека Габи Вилијамс од редовите на Французинките ја заврши средбата со 19 поени.