Кошарка НБА

ВИДЕО: Кари со тројка од 9 метри му пресуди на Феникс

Стеф Кари во пресрет на Ол-стар натпреварот игра во неверојатна форма. Најдобриот шутер во историјата на НБА лигата на последните два натпревара постигна вкупно 20 тројки (11 против Индијана, 9 изминатава ноќ против Феникс).

Голден Стејт Вориорс славеа драматична победа над Феникс Санс од 113:112. Тројка за победа постигна Кари на 0,7 секунди до крајот.

Кари натпреварот го заврши со 30 поени, 9 скока и 6 асистенции. Ова е четврти негов натпревар во низа на кој постигнува најмалку 30 поени.

Во редовите на Феникс најефикасен беше Девин Букер со 32 поена, а Кевин Дурент уфрли 24.

За Вориорс ова е 25-та победа сезонава, а Санс го претрпеа 22. пораз.

Лука Дончиќ со 32 поена, 8 скока и 9 асистенции го предводеше Далас Маверикс до убедлива победа од 146:111 над Оклахома Сити Тандер.

Словенецот имаше поддршка во Кајри Ирвинг со 26 поени, 6 скока и 8 асистенции и Дениел Гафорд со 19 поени и 9 скока.

Кај гостите најефикасен беше Канаѓанецот Шеј Гилдс-Александер со 25 поени.

Резултати:

Далас Маверикс – Оклахома Сити Тандер 146:111
Лос Анџелес Клиперс – Детроит Пистонс 112:106
Бруклин Нетс – Сан Антонио Спарс 123:103
Шарлот Хорнетс – Мемфис Гризлис 115:106
Орландо Меџик – Чикаго Булс 114:108 прод.
Вашингтон Визардс – Филаделфија 76ерс 113:119
Атланта Хокс – Хјустон Рокитс 122:113
Њујорк Никс – Индијана Пејсерс 111:125
Торонто Репторс – Кливленд Кавалирс 95:119
Голден Стејт Вориорс – Феникс Санс 113:112
Портланд Треил Блејзерс – Њу Орлеанс Пеликанс 84:93

To top