Кошарка

Турција ги понижи Грците и ќе игра во финалето на Евробаскет!

Турција ги понижи Грците и ќе игра во финалето на Евробаскет!

Кошаркарската репрезентација на Турција одигра маестрален полуфинален натпревар на Европското првенство и ја победи селекцијата на Грција со убедливи 94-68.

Тимот на Ергин Атаман покажа тотална доминација на паркетот и заслужено се најде во мечот за златниот медал.

Најефикасен кошаркар во победничкиот тим беше Ерџан Османи со 28 поени, а „нашиот“ Чеди Осман додаде уште седумнаесет. Слукас беше автор на 15 поени за Грците, а Јанис Адетокумбо имаше „дабл-дабл“ од 12 поени и исто толку скокови.

 

To top