Кошарка

Турција е полуфиналист на ЕП, „трипл-дабл“ на Шенгун

Турција е полуфиналист на ЕП, „трипл-дабл“ на Шенгун

Кошаркарската репрезентација на Турција обезбеди пласман во полуфиналето на Евробаскетот, откако во Рига ја совлада Полска со резултат од 91-77.

Турците ја потврдија фаворитската улога, но мораа да поминат низ сериозна борба против мотивираниот и борбен полски состав.

Најдобар поединец во редовите на победникот беше Алперен Шенгун, кој блесна со трил-дабл: 19 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

Кај Полјаците најефикасни беа Лојд и Понитка со по 19 поени. Во полуфиналето,

Турција ќе игра против победникот од дуелот меѓу Литванија и Грција.

To top