Сите погледи на светската спортска јавност ќе бидат насочени кон полуфиналниот кошаркарски дуел на ОИ во Париз, особено мечот меѓу селекциите на САД и Србија.
Овие две репрезентации играа пријателски натпревар пред Олимпијадата, а на игрите во Париз беа во иста група.
Резултатот од двата натпревари беше убедлива победа на САД, па сега сите се во исчекување на новиот дуел на Никола Јокиќ против НБА дрим тимот, но овојпат во борба за медали на ЛОИ.
„Сите очекуваа да го победиме Бразил, но не смееме да ги сфатиме работите здраво за готово. Канада изгуби. Сега се е различно, не е ова плеј-оф, многу глупости може да се случат во еден натпревар. Многу е важно да имаме добар старт на натпреварот, како што беше случај со Бразил. Тешко е да се победи иста екипа трипати по ред. Очекувам тежок натпревар, ќе биде забавно и се радувам на тоа.“ – вели Џејсон Тејтум пред мечот со Србија.
Мечот помеѓу Србија и САД од полуфиналето на ОИ во Париз на програмата е денес со почеток во 21 часот.