Кошарка

Светскиот шампион Германија убедливо ја победи Франција

Светскиот шампион Германија убедливо ја победи Франција

Кошаркарската селекција на Германија извојува уште една убедлива победа на олимпискиот турнир и го „треснаа“ домаќинот Франција совладувајќи го со високи 71-85.

На полувреме се замина со +21 за фаворитот 27-48. По паузата Франција го подигна нивото на играта, но Германија продолжи со одличниот настап и го зголеми водството на +23.

Во последниот квартал бундес-тимот се опушти, а тоа донесе нешто поефикасна игра на домаќинот, но доволно само за пораз од 71-85.

Шродер и Вагнер со по 26 поени диригираа во таборот на победничкиот тим, додека за Франција се истакна Вембањама со 14 поени.

To top